Вонреден инспекциски надзор во градинката во Карпош - педагозите упатуваат на почитување на програмите за работа со деца
Foto

Вонреден инспекциски надзор во градинката во Карпош - педагозите упатуваат на почитување на програмите за работа со деца

Турбо фолк песни дома но не и во градинка, во градинка исклучиво музика од детските фестивали  бидејќи тоа е музика за возраста на децата во градинките - вели педагогот Имерзат Точи Сулејмани.

Ваквата изјава следи по реакциите во јавноста за видеото каде деца во градинка играат на турбо фолк песна. Според педагогот Точи Сулејмани, сите градинки треба да се придржуваат до програмите кои се пропишани од страна на Министерството за труд и социјална политика, тоа на што сведочеше јавноста вчера е недозволиво, најмногу заради развојот на децата.

Од министерството за труд и социјална политика велат дека по однос на случајот со градинката во општина Карпош каде се пуштала несоодветна музика во градинката испратиле вонреден инспекциски надзор и по завршување на истиот дадена е насока за утврдува на евентуална одговорност кај воспитувачката. 

„По објавувањето на настанот во јавноста во врска со пуштање на несоодветна музика во детска градинка во Општина Карпош, испрати вонреден инспекциски надзор со цел утврдување на фактичката состојба на терен.По завршувањето на Инспекцискиот надзор на одговорното лице – директор на градинката е дадена насока за утврдување на евентуална одговорност кај воспитувачката.“ - велат од МТСП. 

Од општина Карпош велат дека ја известиле директорката на градинката да постапи согласно записникот од Министерството за труд и социјална политика. 

„Во текот на денешниот ден во градинката имаше вонреден инспекциски надзор од страна на Министерството за труд и социјална политика. Истовремено, од страна на општината е укажано на директорката на градинката да ги преземе потребните мерки согласно записникот што треба да биде изработен од страна на министерството.“ - велат од општина Карпош. 

Видео, со турбо фолк песна, кое воспитувачка од градинка на 5-годишни деца им пушта, ги снима, предизвика низа реакции во јавноста но и поделеност кај родителите. Дел со остри критики а дел со поддршка за воспитувачката.

0 Коментари

Остави коментари