Вардар и Металург го отвораат 28. Куп на Македонија
Foto

Вардар и Металург го отвораат 28. Куп на Македонија

Од денеска до сабота во салата „Автокоманда" во Скопје ќе се одржи 28. Ракометен куп на македонија во машка и женска конкуренција.

Попладнево на програмата се машките полуфинални дуели, каде во првиот натпревар од 16:30 часот се соочуваат големите ривали Металург и Вардар. Металург е бранител на трофејот од 2019 година, додека "црвено-црните" се тим со најмногу освоени куп трофеи - 13 и единствени кои успеале пет години во низа да бидат победници во ова натпреварување.

Втората полуфинална двојка се Бутел и Еурофарм пелистер, кои играат од 19 часот. Битолскиот состав е фаворит во ова соочување. Утре на програмата се женските полуфиналиња, додека сабота е финален ден.

 

0 Коментари

Остави коментари