УПОЗ: Зголемувањето на платите на вработените во судовите и јавните обвинителства треба да биде поголемо од тоа на судиите
Foto

УПОЗ: Зголемувањето на платите на вработените во судовите и јавните обвинителства треба да биде поголемо од тоа на судиите

Синдикатот на УПОЗ реагира на вчерашната најава за зголемување на платите на судиите при што посочува дека немаат ништо против тоа, но оти сметаат дека зголемувањето на платите на вработените во судовите треба да биде поголемо од тоа на судиите.

Велат и дека не биле вклучени во преговорите за покачување на платите и бараат средба на министерот за правда Бојан Маричиќ со претставници на вработените во судовите и јавните обвинителства.

„ Доколку бевме прашани, со аргументи ќе докажевме дека во овој случај зголемувањето на платите на вработените во судовите и јавните обвинителства треба да биде поголемо од зголемувањето на судиите затоа што разликата помеѓу платите на судиите и другите вработени е премногу голема и предизвикува револт, кој влијае на нивната ефикасност, ефективност и посветеност во работењето, велат од УПОЗ.

0 Коментари

Остави коментари