Трибина „Патот до независноста”
Foto

Трибина „Патот до независноста”

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Георгиевски смета дека доколку сите субјекти во земјава, без ралика на политичка, идеолошка или етничка припадност, во периодот на распадот на поранешна Југославија не сакаа самостојна и независна Македонија тоа немаше да се случи. Според Георгиевски, опстанокот на земјава 30 години со, како што рече, толку маки, премрежија, борби е гаранција дека ќе опстанеме барем во следните стотина години.

Тогашниот парламентарец на ПДП Мухамед Халили вели дека целото внимание тогаш било насочено кон раздружувањето со Југославија и со Србија на Слободан Милошевиќ, но малку се мислело на меѓуетничките односи.

Професорот по меѓународно право Љубомир Фрчковски, кој беше и поранешен министер и за внатрешни и за надворешни работи вели дека тогаш се мислело дека земја на крстосница без армија мора да ја контролирате вашата држава, или ќе ве поделат.

Едно од прашањето кое сеуште се дебатира е рефереднумското прашање од 1991 во кое се спомнуваше можноста за останување во Југославија, но премиерот Заев вели дека тоа било нужност.

Целта на трибината според владата  е преку сеќавања, опсервации и размислувања да се сумираат научените лекции од соочувањето со предизвиците во деновите кога се подготвувал референдумот за прогласување за прогласување независност.

0 Коментари

Остави коментари