Тетовец за ТВ24: Мојата сопруга и помага на мојата мајка што е хоспитализирана во ковид одделението во болницата
Foto

Тетовец за ТВ24: Мојата сопруга и помага на мојата мајка што е хоспитализирана во ковид одделението во болницата

Ковид пациентите во Тетово повторно со придружба од страна на семејствата кои се грижат за нив поради недостиг на персонал во болницата. Тетовец со сведоштво пред нашата камера - неговата мајка моментално е хоспитализирана од Ковид, а за неа се грижи неговата сопруга која е надворешно лице и не е вработена во болницата.

Надлежните молчат - координаторот на ковид болницата, д-р Гзим Нуредини не ни одговори дали и во моментов за пациентите кои се хоспитализирани во болницата, се грижат нивните семејства. 

Претходно уверуваа дека ковид пациентите не смеат да имаат посети од надвор или да се грижи некој за нив освен медицинскиот персонал, бидејќи тие посети завршија трагично по живот за две лица кој во моментот на пожарот биле присутни во модуларната болница и се грижеле за нивните блиски. И додека се чини лекцијата од присуството на семејствата во модуларната за време на пожарот според сведочењата не е научена. 

Тетовци преку марш побараа одговорност за14 згаснати животи, но и оддадоа почит на починатите. 

На плоштадот во Тетово беа симболично засадени 14 дрвја, а во изгорената модуларна болница беше приложен венец, свежо цвеќе и се одржа едноминутен молк во чест на жртвите.

Дел од учесниците на маршот велат дека некој мора да сноси одговорност за 14-те згаснати животи.

Трет ден на жалост на територијата на целата земја, за пожарот во модуларната болница каде животот го загубија 14 лица, 8 жени и 6 мажи на возраст од 29 до 78 години. Обдукцијата и идентификацијата на нивните тела заврши вчера и тие беа предадени на нивните семејства.

0 Коментари

Остави коментари