Стагнира вакцинацијата - дали зајакнатите контроли ќе ја забрзаат?
Foto

Стагнира вакцинацијата - дали зајакнатите контроли ќе ја забрзаат?

Процесот на вакцинација стагнира. Досега само 38,7 % од населенито во земјава примиле две дози вакцина против Ковид 19. Тоа е и една од причините што Владата одлучи да ја стимулира вакцинација и тоа со дополнителни 30 денари за матичните лекари кои ќе ги убедат пациентите да се вакцинираат, како и да ги зајакне контролите при влез во јавните објекти. 

Иако бројот на заболени во последната недела е намален за 6,1% во однос на претходната, а за 10,5% се намалени и хоспитализациите, вирусот е присутен и во моментот на болничко лекување се наоѓаат 443 пациенти, 316 се на кислородна поддршка и 10 на респиратор. Но зголемена е смртноста, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје. 

- Пријавени се 98 смртни случаи  во текот на изминатата недела, најмногу на возраст над 60 години, но регистрирани се починати од 30 до 59 години. - велат од Институт за јавно здравје.

Според фазата во која се наоѓа земјава, покрај вакцинација, СЗО препорачува да се разгледа можноста за работа од дома за несуштинските дејности, да се размисли за ограничување на настава со физичко присуство на универзитетите и препорака за онлајн учење, безбедност и надзор во училиштата, прекин на масовните собири и намалување на обемот на социјалните собири.

0 Коментари

Остави коментари