Шекеринска на меѓународниот „GLOBSEC“ форум во Братислава
Foto

Шекеринска на меѓународниот „GLOBSEC“ форум во Братислава

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе учествува на форумот „GLOBSEC“ во Братислава, каде ќе има и одвоена средба со словачкиот колега, Јарослав Над.

Во рамки на форумот, министерката Шекеринска ќе биде панелист на дискусијата на тема „НАТО 2030 – како дотаму” за улогата на Алијансата во развојот на новите иновативни технологии и прилагодувањето на новите предизвици за евроатлантската безбедност.

Говорници на овој панел ќе бидат и словачкиот министер за одбрана Јарослав Над и министерот за одбрана на Канада, Харџит Саџан.

Форумот „GLOBSEC“ е еден од водечките годишни форуми посветени на глобалната безбедност. Годинава, над 100 говорници – претседатели и премиери, министри за надворешни работи, за одбрана, за здравство, директори на глобални компании и претседатели на глобални тинк-тенк организации ќе разговараат на теми поврзани со демократската обнова, економското заздравување и развој, технологиите и безбедноста и отпорноста на здравствените системи.

0 Коментари

Остави коментари