Русковска бара вештачење за фотографијата со Рашковски
Foto

Русковска бара вештачење за фотографијата со Рашковски

Откако во медиумите се појави снимка од поранешниот генерален секретар на Владата,  Драги Рашковски, кој е во куќен притвор, како тој слободно шета без полициска придружба, од МВР реагираа дека поради здравствени проблеми добил дозвола од Основен кривичен суд Скопје за движење во одреден временски период, а во останиот дел од денот ја почитувал мерката за домашен притвор. Обвинителката Вилма Рускоска побарала лицето кое го снимило да дојде во Обвинителството за да се изврши вештачење на снимката, но никој не се појавил.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, коментирајќи го случајот и со Зоран Милески Кичеец, кој за време на издржувањето на затворска казна во Струга учествуваше во сообраќајна несреќа, откако претходно со медицинска потврда добил одобрение за привремен излез, истакна дека минатата година над 30 лица кои се во отворено или полутворено одделние на затвор имале можност да работат во текот на издржувањето на казната, но кога ќе се случи некаков проблем, како сообраќајката со Кичеец, се губат сите погодности. За Рашкоски вели дека со проценка на судот тој можел да добие одобрение да оди на доктор и дека нема опасност за негово бегство. 

Дел од експертите кои ги контактиравме објаснуваат дека можноста за излегување од затвор или домашен притвор од оправдани причини ја уживаат сите граѓани, а не само поранешни функционери или личности кои им се познати на јавноста. Доколку лице е во куќен притвор, неговиот адвокат со образложени причини за излез го поднесува барањето до надлежниот судија, а доколку е во затвор потребна е дозвола од Управата за извршување санкции. Правниците велат дека во секојдневната пракса на лица кои бараат им се одобрува излез од домашен притвор или затвор, од различни причини,  како посета на доктор или пак одење на поргеб кај некој близик и уверуваат дека тоа право е еднакво за сите, а не само за попознатите личности  како во случаите со Кичеец и Рашковски.

0 Коментари

Остави коментари