Протестен марш во Тетово, се бара одговорност
Foto

Протестен марш во Тетово, се бара одговорност

Протестот денеска во Тетово преку кој се бараше правда и одговорност за четиринаесете згаснати животи во пожарот во модуларната болнца, започна мирно, но на крајот дојде до физички пресметки и употреба на сила. Граѓаните кои протестираа се упатија кон седиштето на ДУИ, но беа спречени од страна на полицијата која со коридор им го блокираше патот.

Се упатуваа и по споредни улици, но и меѓу куќи за да стигнат до нивната крајна цел- Мала Речица, но постојано беа блокирани од страна на полициските службеници, по што дојде и до физичка пресметка.

Со јајца беше фрлано кон објектот на општината на Тетово, но и кон полициските службеници. Од МВР информираа дека две лица се лишени од слобода, а четворица полициски службеници се полесно повредени.

„Од слобода се лишени две лица, 52 годишник од Тетово и 31-годишник од Кичево. СВР Тетово во координација со јавен обвинител работи на расчистување на случајот.“ - СВР Тетово.

Од ДУИ реагираат за денешниот протест, од партијата велат дека најостро го осудиваат физичкото и родовото насилство кое се случи за време на денешниот протестен марш.

„Политичката бруталност на албанската опозиција, изразена преку нејзината скриена рака не познава граници, ниту болка за семејствата на починатите кои за жал ги загубија животите во трагедија што досега не сме ја доживеале. Ова е уште еден доказ за обидите на опозицијата да добијат ниски политички поени во пресрет на локалните избори“ - ДУИ.

Дел од граѓаните кои протестираа како најодговорни за жртвите од пожарот ги посочија претставниците на Владата. Бараат одговорност и разрешување на случајот.

Граѓаните кои протестираа и блиските на жртвите велат дека ќе продолжат со протести и во следниот период се додека причините за пожарот не излезат на виделина и се дури некој не сноси одговорност.

0 Коментари

Остави коментари