Престрелка во скопската населба Бутел
Foto

Престрелка во скопската населба Бутел

Во скопската населба Бутел 2 попладнево дошло до престрелка во кое во близина на ресторанот „Султан“. Доцна во ноќта, полициските служби вршеа увид на местото на настанот каде освен нив, се присутни и повеќе вознемирени граѓани. Додека траеше увидот, не беше дозволен пристап до местото на настанот.

Од полицијата велат дека околу 22 часот на паркинг кај булеварите Босна и Херцеговина и Христијан Тодоровски Карпош, од автомобил во движење било пукано кон возило „голф“ во кој биле две лица.

Во СВР Скопје околу 22.00 часот е пријавено дека на паркинг кај раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош" од едно патничко возило биле испукани проектили  кон патничко возило ,,голф", во кое имало две лица, по што биле пренесени во Комплекс клиники "Мајка Тереза" за укажување на лекарска помош. Од страна на лекар кај едното лице била констатирана смрт. Увидна екипа е на терен и се работи на расчистување на случајот.

По пукотницата, двете лица биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде еден од ранетите починал. Иако неофицијално се шпекулира за двајца починати во престрелката, полицијата најави детални информации по извршениот увид. Мотивот за оваа престрелка е се уште непознат.

0 Коментари

Остави коментари