Опасност од новиот сој омикрон, дали вакцините ќе ги заштитат граѓаните?
Foto

Опасност од новиот сој омикрон, дали вакцините ќе ги заштитат граѓаните?

Првите луѓе на дел од фармацевските компании стравуваат дека атуелните вакцини против коронавирусот нема да може лесно да се спротистават на новата верзија на заразата.

Извршниот директор на Модерна, Стефан Бансел, предупредува дека би можело да поминат месеци пред компаниите да успеат да креираат повеќе вакцини што ќе делуваат против новиот сој а големиот број мутации на Омикрон и брзото ширење на таа варијанта во Јужна Африка укажуваат на тоа дека постоечките вакцини можеби ќе треба да се модифицираат следната година.

„Мислам дека нема шанси ефикасноста да биде на исто ниво како што ја имавме со Делта варијантата. Мислам дека ќе има пад. Не знаеме само колку затоа што треба да ги чекаме податоците. Но, сите научници со кои разговарав велат дека крајниот резултат нема да биде добар.“ - изјави Стефан Бансел  - Извршен директор на Модерна .

Директорот на Фајзер пак вели дека можеби ќе треба нова вакцина доколку се покаже дека актуелните не обезбедуваат доволна заштита против новиот варијанта..Компанијата веќе почна со тестови конкретно насочени кон верзијата „Омикрон“.

„Верувам дека моменталните вакцини обезбедуваат заштита. Но, прашањето е колкава е таа заштита. Можеби тие заштитуваат помалку, што во превод значи дека ќе ни треба нова вакцина.“ - изјави Алберт Боурла - извршен директор на Фајзер.

Од рускиот институт Гамалеја, сметаат дека нивните вакцини најверојатно ќе можат да се справат и со новиот сој.

„Институтот Гамалеја верува дека Спутник V и Спутник лајт ќе го неутрализираат омикрон бидејќи се ефикасни против другите мутации. Ако биде потребна модификација, што е малку веројатно, ќе обезбедиме неколку стотици милиони бустер дози од Спутник против Oмикрон до 20 февруари 2022 година.“ - изјави Кирил Дмитриев - Шеф на Рускиот фонд за директни инвестиции.

Извршниот директор на Европската агенција за лекови најави дека доколку е потребно, за 3 до 4 месеци ќе моќе да е одобрат вакциниte приспособени за заштита од верзијата Омикрон, напоменувајќи притоа дека постоечките вакцини ќе продолжат да обезбедуваат заштита... 

„Доколку има потреба да се менуваат постојните вакцини, ќе бидеме во позиција да ги одобриме за три до четири месеци. Компаниите кои ги прилагодуваат своите формули за да вклучат ново секвенционирање потоа ќе мора да покажат дека системот за производство функционира.“ - изјави Емер Кук - Извршниот директор на Европската агенција за лекови.

А новата варијанта на вирусот пристигна и во Азија откако Јапонија пријави дека е потврден првиот случај на Омикрон, откриен кај турист кој неодамна допатувал од Намибија. Земјата превентивно веќе ги затвори границите за странските државјани со цел да се спречи ширењето на заразата.

0 Коментари

Остави коментари