Омикрон се заканува сериозно во државава
Foto

Омикрон се заканува сериозно во државава

Од почетокот на пандемијата, Македонија синоќа достигна рекордни бројки на новозаразени од коронавирусот за еден ден - 2.269 нови случаи. Но, и со денешните алармантни бројки, епидемиолошките информации укажуваат дека земјава се наоѓа во пик на заразата.

Додека расте бројот на нови случаи, расте и бројот на лица кои повторно се заразуваат со коронавирусот. 1.247 реинфекции бележи последниот извештај на ИЈЗ спороведен од 10 до 16 јануари,  а бројот на позитивни случаи е зголемен за 33% во однос на минатата недела.

„Најзастапена возрасна група кај инфицираните е од 30 до 39 години. Зголемување на бројот на заболени има кај сите возрасни групи, особено кај лицата над 60 години, со раст од 99,6 отсто и кај тие од 50 до 59 со зголемување од 90,3 отсто во однос на претходната недела.“ - велат од ИЈЗ.

 Додека бројките вртоглаво растат, Германија повторно не врати на листата на ризични земји, но нови мерки за македонските граѓани воведоа и Финска и Хонг Конг, соопштија од МНР.

„Со најновата одлука на германските власти, од македонските државјани при влез во Германија се бара електронско пријавување и поседување потврда за вакцинација или за прележан Ковид или негативен ПЦР тест. За лицата  кои не биле заразени со Ковид и не се вакцинирани, следува мерката за 10-дневен карантин, при што можат да бидат ослободени најрано на петтиот ден со тестирање за Ковид 19. Од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, на кои сепак карантинот им се прекинува по пет дена.“ - велат од МНР.

Иако дел од лекарите во земјава, беа оптимисти дека пандемијата би требало да заврши оваа година, со оглед на тоа што не се очекува да се појави позаразен сој од омикрон, од СЗО со предупредување- Оваа панедемија не е ни блиску до крајот, можни се и нови соеви.

„Иако овој сој се смета за помалку сериозен од претходните, верувањето дека се работи за лесна болест е погрешно,омикрон резултира и со хоспитализации и со смртни случаи. Луѓето и за помалку тешки облици на болеста ги преплавуваат здравствените институции.“ - изјави Тедрос Адан Гебрејесус- шеф на СЗО.

Шефот на СЗО ги предупреди светските лидери, дека со оглед на екстремно брзото ширење на омикрон на глобално ниво, најверојатно ќе се појават нови варијанти на вирусот, поради што следењето на ситуацијата останува од клучно значење.

Омикрон продолжува да ги зголемува и бројките во регионот. И Бугарија со над 11.000 лица инфицирани за еден ден го достигна рекордот од почетокот на пандемијата. Рекорден број на новозаразени и во Србија, Хрватска, Словенија. Фондот за солидарност на ЕУ со нова помош за Албанија, Црна Гора и Србија за полесно справување со коронакризата.

Во Македонија во пикот на заразата, не се донесоа нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, освен второто полугодие за учениците да започне од први фебруари, со одложување од десетина дена.

0 Коментари

Остави коментари