Нова “финансиска инјекција“ за општините - ќе има ли контрола врз трошењето на парите?
Foto

Нова “финансиска инјекција“ за општините - ќе има ли контрола врз трошењето на парите?

Нови 35 милиони евра финансиска инекција вбризгува Владата во општините со парите од нереализираниот проект за карго аеродром кај Штип. Ова доаѓа во момент кога општините и понатаму трупаат долгови.

Токму ваквите општини се дел од оние кои ќе добијат пари за капитални проекти. Општина Тетово, која има најголем долг во износ од 11,2 милиони евра, само во првиот квартал од годинава направила долгови од 1,5 милиони. Сега ќе добие буџетски пари за изградба на пат. Пари за реконструкција на училишна фасада ќе добие и општина Делчево, иако се наоѓа меѓу најзадолжените општини

Премиерот Зоран Заев вели дека долговите на општините се преполовени, откако пред две години Владата интервенираше со 50 милиони евра, во општинските каси.

Но, бројките го велат спротивното. Само во првите три месеци од годинава општините натрупале нови долгови од 2,2 милиони евра и сега нивниот вкупен долг е 62 милиони евра. Дел од градоначалниците реагираа на ваквиот начин на распределба, за кој велат дека е неправичен.

Владата завчера донесе одлука на 23 општини да им ги додели 10 милиони евра за реализација на капитални проекти. Со дополнителните 25 милиони кои ќе бидат доделени наскоро, но и со оние 50 милиони од пред две години, општините се офајдија со фантастични 85 милиони евра, но наместо да го намалуваат, долгот и понатаму го зголемуваат.

0 Коментари

Остави коментари