Њујорк Никс го извојува седмиот триумф во низа
Foto

Њујорк Никс го извојува седмиот триумф во низа

Кошаркарите на Њујорк го победија Шарлот во својот „Медисон Сквер Гарден“ со 109:97 и го извојуваа седмиот триумф во низа. Пресудна за исходот беше одличната одбрана на Никс во второто полувреме кога примија само 31 кош. 

Берет со 24 поени од кои 18 во третата четвртина предводеше кај победниците, Рендл уфрли за него скромни 16 коша. Во редовите на Шарлот кој го доживеа петтиот пораз во последните шест средби, најефикасен беше Вашингтон со 26 поени.

Во највозбудливиот ноќешен натпревар од НБА лигата, ЛА Клиперс славеше кај Портланд со 113:112. Џорџ со 33 поени, меѓу кои и решавачките од линијата за слободни фрлања на 4,8 секунди пред крајот, беше творец на победата. Меколум кој ја промаши тројката со звукот на сирената постигна 28 коша за Блејзерс.

Во другите средби : Атланта-Орландо 112:96, Њу Орлеанс-Бруклин 129:134 и Сакраменто-Минесота 120:134.

0 Коментари

Остави коментари