Народна банка: Третиот бран на ковид 19 негативно влијаеше на економското закрепнување во првиот квартал, за вториот податоците позитивни
Foto

Народна банка: Третиот бран на ковид 19 негативно влијаеше на економското закрепнување во првиот квартал, за вториот податоците позитивни

Падот на бдп во првиот квартал беше очекуван во услови на трет бран на ковид 19, а податоците за вториот квартал упатуваат на позитивни сигнали, оцени комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика и на која е одлучено да се задржи каматната стапка на благајничките записи на ниво од 1,25 отсто.

На седницата  било  одлучено основната каматна стапка да остане непроменета, на нивото од 1,25 отсто, со што монетарната политика и натаму има релаксиран карактер. Движењата кај основните макроекономски параметри засега се во рамките на очекувањата, но дека неизвесноста и ризиците од пандемијата предизвикана од ковид-19 и натаму постојат.

0 Коментари

Остави коментари