Македонските ракометарки втор пат поразени од Романија во мундијалскиот бараж
Foto

Македонските ракометарки втор пат поразени од Романија во мундијалскиот бараж

Македонската женска ракометна репрезентација не успеа да направи подвиг и да обезбеди пласман на Светското првенство, откако попладнево загуби и на реваншот во мундијалскиот бараж против Романија со 35:20 (18:10).

Романките допатува во Скопје со предност од 11 голови разлика по триумфот на првиот натпревар од 33:22 и рутински го заверија пласманот на завршниот турнир што во декември годинава ќе се одржи во Шпанија.

Македонските ракометарки имаа почетно водство од 3:1, по што Романија ја презеде контролата врз резултатот и до полувремето стигна до предност од осум голови.

На средина од вториот дел, Романките прв пат стигнаа и до двоцифрена разлика (24:14) која до крајот на мечот успеаја и да ја зголемат за конечни плус 15. Најефикасна во македонскиот тим беше Елена Ѓорѓиевска со шест голови.  

„Црвено-жолтите“ ќе го пропуштат Мундијалот во Шпанија, но ќе настапат на следниот голем меѓународен турнир, откако Ракометната федерација на Македонија ја доби организацијата на Европското првенство во 2022 година, на кое домаќини ќе бидат и Словенија и Црна Гора.

0 Коментари

Остави коментари