Куман: Не е нормално Барса да прима три гола за 45 минути
Foto

Куман: Не е нормално Барса да прима три гола за 45 минути

Барселона синоќа одигра 3:3 на гостувањето кај Леванте и покрај водство со 2:0 што каталонскиот тим го имаш по првото полувреме. Тренерот Роналд Куман ги критикуваше своите избраници за лошата игра во одбрана.

– Тешко е да се објасни што се случи. Во првото полувреме, тимот одигра добро, но го намали интензитетот на играта во второто. Многу грешевме. Реагиравме правилно на 2:2, но потоа лошо се браневме. Не е нормално да се прима три гола во 45 минути, секако не за тим како Барса. Сезоната е тешка, има многу натпревари, но тимот е во состојба да ги издржи. Но, кога ќе го започнете второто полувреме не толку интензивно како што игравте во првото, ги инспирирате вашите противници. Нашата цел беше да ги добиеме сите три преостанати натпревари, но сега сè е многу тешко. Како тренер, морам да бидам одговорен. Ние сме многу разочарани од резултатот, рече Куман.

Барселона по 36 натпревари има 76 бода и е на 2. место во Ла Лига, лидер е Атлетико Мадрид со 77, Реал е трет со 75, но мадридските екипи имаат натпревар помалку.

0 Коментари

Остави коментари