Кинеска амбасада: Северна Македонија одлучи да набави вакцини од Кина, што покажа доверба во Кина
Foto

Кинеска амбасада: Северна Македонија одлучи да набави вакцини од Кина, што покажа доверба во Кина

Пекинг сака да му помогне на македонскиот народ што побрзо да се вакцинира. Кинеските интитуциите се подготвени за комуникација со македонските.

Во одговор за ТВ 24 од кинеската амбасада во земјава се демонстрира желба и подготвеност да се достават вакцините, но информација  кога ќе ја преминат границата нема.

„Северна Македонија одлучи да набави вакцини од Кина, со што покажа доверба во Кина. Кинеската страна придава големо значење на македонската потреба за вакцини и ги поддржува релевантните претпријатија да комуницираат со владата на Северна Македонија за набавка на вакцини. Кина е подготвена да продолжи да работи заедно со Северна Македонија на вакцините против КОВИД-19 и да и помага во нејзината домашна(локална) борба против пандемијата.“ - велат од Кинеската амбасада за нашата телевизија. 

Од Владата најави за нови тајнминзи. Премиерот Заев вели дека деновиве очекуваат да стигнат вакцините од директните преговори со Фајзер бидејќи Албанија веќе ги доби, а планот на компанијата бил по Албанија вакцините да бидат испорачани на нашата држава, па на Црна Гора, Косово и БИХ.Тој вели дека дури ја имаме поминато црвената линија во однос на количините на нарачките, но капациетот на производство на компаниите и тоа што не сме земја членка на ЕУ, ја успорува набавката.     

Досега граница ја поминаа само 8000 вакцини од Фајзер дониција од соседна Србија. Последно, државата го повлече авансот за кинеските вакцини„ Синофарм“, за како што објасни министерот Филипче за „наша сигурност“, но дека вакцините за кусо време ќе стигнеле во нашата земја.

0 Коментари

Остави коментари