Хорор во семејство: Татко си ја продал својата ќерка за 3000 евра во Косово - три лица приведени
Foto

Хорор во семејство: Татко си ја продал својата ќерка за 3000 евра во Косово - три лица приведени

Татко на шест деца, од кои три малолетни девојчиња, со месеци ја силувал една од малолетните ќерки. Истовремено пак мајката го продавала своето малолетно девојче за пари.

Овој случај денеска го обелоденија од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и соопштија дека трите лица добиле притвор за родосквернавење и трговија со дете. 

„Мајката му го носела девојчето на третоосомничениот, во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000 денари, а понекогаш од по 500 денари, ја принудувала да се соблекува и да има сексуални односи со него. Доколку детето одбиело, мајката употребувала физичка сила.“ - велат од Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Дополнително од обвинителството велат дека таткото ја продал својата ќерка, на маж од Косово кој го пронашол преку Интернет. 

„Откако бил исплатен паричен надомест од 3.000 евра, девојчето било однесено во Косово заради склучување на присилен брак. По два месеци тоа дошло на гости кај нејзините родители, а првоосомничениот со оправдување дека било многу далеку не ја вратил во Косово и продолжил да врши обљуба врз својата малолетна ќерка, додаваат од Обвинителство“. 

Во текот на денот осомничените се изведени пред судија на претходна постапка кој го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и на сите осомничени со решение им определи мерка – притвор во траење од 30 дена.

По насока на јавниот обвинител малолетничките се згрижени во центар за социјални работи . За кривичните дела за кои се товарат осомничените е предвидена казна затвор во траење од најмалку 10 години, односно 12 години за дејствијата за кои се товари третоосомничениот.

0 Коментари

Остави коментари