Итна средба на министрите за здравство од Г7 за ширењето на омикрон варијантата на Ковид-19
Foto

Итна средба на министрите за здравство од Г7 за ширењето на омикрон варијантата на Ковид-19

Итна средба на министрите за здравство на седумте најразвиени земји во светот. Брзото ширење на новиот сој на коронавирусот принуди голем број на држави да ги вратат на сила рестикциите.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести предупреди дека новиот вид е поотпорен на вакцините и се шири побрзо а претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја повика компанијата Фајзер да ја адаптира вакцината на новиот сој Омикрон во рок од 100 дена. Заложбата за адаптација на вакцината е дел од третиот договор со Фајзер, со кој ЕК најави уште 1,8 милијарди дози од лекот. 

„Во текот на следните две до три недели, научниците ќе собираат информации за сојот Омикрон за да добијат најточна слика за тоа колку е опасна новата мутација на коронавирус.“ - изјави Урсула фон дер Лајен - претседателката на Европската комисија.

Од Светската здравствена организација велат дека видот Омикрон веројатно ќе се шири на меѓународно ниво, што би можело да претставува многу висок глобален ризик. Во најновиот извештај сепак се нагласува дека сè уште не е јасно дали тој е е попренослив во споредба со другите варијанти, вклучително и делта верзијата.

„Омикрон има голем број мутации, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание врз текот на пандемијата. Вкупниот глобален ризик поврзан со Омикрон, се оценува како висок. Постои загриженост за можноста Омикрон да го избегне стекнатиот имунитет.“ - велат од СЗО.

И директорот на националниот институт за здравство на САД вели дека се уште нема доволно податоци кои би сугерирале на тоа дека новата верзија на вирусот предизвикува посериозна форма на болеста во споредба со другите варијанти.

„Кога ќе видите колку брзо новиот сој се шири од едно на друго лице низ повеќе области во Јужна Африка, јасно е дека тој е позаразен. Она што не знаеме е дали тој може да му парира на делта сојот.“ - изјави д-р Френсис Колинс - директорот на националниот институт за здравство на САД.

Заразата веќе е потврдена во неколку европски земји а се повеќе држави ширум светот одлучуваат целосно да ги затворат границите за влез на странски државјани. Израел веќе забрани влез за странци а Филипини, Мароко и Јапонија се последните земји кои се одлучија на ваков чекор.

„Ќе забраниме секаков прием на странски државјани од целиот свет од 30 ноември. Го правиме овој чекор од претпазливост, за да се спречи најлошото сценарио во Јапонија.“ - изјави Фумио Кишида - премиер на Јапонија.

Јужноафриканскиот власти пак размислуваат за задолжителна вакцинација против коронавирусот за лицата кои работат на одредени позиции, поради зголемувањето на бројот на заболени, кои засега не се поврзуваат со појава на новиот сој ...

„Доколку бројот на пациенти продолжи да расте, четвртиот бран може да го очекуваме во следните неколку недели, ако не и порано. Анализираме да ги направиме вакцините задолжителни за работниците, луѓето кои сакаат да одат на јавни настани, јавен превоз и некои други места.“ - изјави Сирил Рамафоса  -  претседател на Јужна Африка.

Јужно африканскиот претседател упати и критика до западноевропски земји поради воведувањето на забрани за летови од земјата.

" class="video" title="Advertisement" name="fitvid1" allowfullscreen>

0 Коментари

Остави коментари