ГН на Унгарија:Верстапен најбрз на првиот, Ботас на вториот тренинг
Foto

ГН на Унгарија:Верстапен најбрз на првиот, Ботас на вториот тренинг

Водечкиот во генералниот пласман во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул) денеска беше најбрз на првиот тренинг пред неделната трка за Големата награда на Унгарија, додека Финецот Валтери Ботас (Мерцедес) беше најбрз на вториот тренинг. 

Верстапен на првиот тренинг зад себе ги остави Ботас на второто и Британецот Луис Хамилтон на третото место.  

На вториот тренинг Ботас беше побрз од својот клупски колега Хамилтин, додека Верстапен беше трет. 

Квалификациите ќе се возат утре од 15 часот, а трката за Големата награда на Унгарија стартува во истиот термин в недела. 

Пред 11-та трка сезонава, Верстапен води во генералниот пласман со 185 бодови, пред Хамилтон (177) и Ландо Норис (113).

0 Коментари

Остави коментари