Филипче: Од октомври ќе се бара потврда за примени две дози вакцина
Foto

Филипче: Од октомври ќе се бара потврда за примени две дози вакцина

Здравствените власти ќе предложат од октомври наместо со една доза во угостителските објекти, трговските центри и на јавните настани да мора да се влегува со потврда за целосна имунизација односно примени две дози.

Предлог одлуката на здравствените власти доаѓа откако периодов значително се намали интересот за вакцинација кај населението, а велат дека не може да се предвиди дали бројката на новозаразени ќе расте или ќе се намалува. 

Според последните податоци на здравствените власти само 37% од граѓаните се вакцинирани.

„Една од мерките која што сигурно ќе се препорача е потребата да се прикаже за две примени вакцини целосно вакцинирани граѓани, тоа ќе биде некаде во месец октомври“. - Венко Филипче – Министер за здравство.

Анализите на здравствените власти покажале дека сега вирусот се шири меѓу невакцинираните. Над 90 отсто од смртните случаи биле невакцинирани, а од новозаразените невакцинирани се 79 проценти. За воведување на задолжителна вакцинација се уште е рано, но не се исклучува да се донесе и таква одлука, вели Филипче. Во меѓувреме остануваат само апелите и кампањите.

0 Коментари

Остави коментари