Фатиме Фетаи избрана за обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје
Foto

Фатиме Фетаи избрана за обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје

Фатиме Фетаи, Бурим Рустеми, Сашо Рајчев, Наум Пановски и Снежана Бундалевска – Георгиевска на денешната седница на Советот на јавни обвинители се избрани за обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Обвинителите Фетаи и Рустеми се од поранешното Специјално јавно обвинителство, Пановски доаѓа од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Рајчев и Бундалевска-Георгиевска од Јавното обвинителство Скопје.

Советот денеска за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје ги избра Лиле Стефанова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ.

Обвинителите Стефанова, Ајро и Пеливанов беа дел од поранешното Специјално јавно обвинителство, Наташа Поп Трајкова е од Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Струмица, а Катерина Колариќ од ОЈО Скопје.

Четворица од кандидатите беа избрани едногласно до 11 гласа од членовите на Советот, а еден обвинител со 10 гласа „за“.

На огласот за избор на пет обвинители во Обвинителството предводено од Вилма Русковска беа пријавени 14 кандидати, меѓу кои и Фатиме Фетаи, Љубомир Лапе, Елизабета Јосифовска, Никола Довлев, Имран Османи, Влатко Биковски, Оливера Проевска, Наташа Сарамандова и Верица Бешетска Крстева, кои  не ги добија потребниот број гласови од членовите на Советот на јавните обвинители.

На денешната седница Советот на јавните обвинители го избра Стојанчо Арнаудовски за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Струга. За ова место конкурираа и обвинителите Џемал Лога и Благоја Даскаловски.

0 Коментари

Остави коментари