Евакуирани повеќе објекти во центарот на Скопје по дојава за подметнат експлозив
Foto

Евакуирани повеќе објекти во центарот на Скопје по дојава за подметнат експлозив

Неколку објекти меѓу кои и зградата во која се сместени МИА, СЕП, ДКСК, Финансовата полиција, Инспекторатот за животна средина, вечерва се евакуирани. На вработените им е кажано веднаш да излезат од објектите.

Испразнети се и зградите на А1, на МНР и соседните објекти во центарот на Скопје. Полицијата не дозволува движење на луѓе и возила кон Мавровка, МНТ и МРТ, а блокирани се и околните улици и крстосници. Забалежливо е зголемено присуство на полицијата и полициски возила.

Зсега нема официјални информации што точно се случува. Според  непотврдени информации, станува збор за дојава за подметнат експлозив. 

- Ја известуваме јавноста дека МВР постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16.45 во билетарата на МНТ. Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно. Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации. - информираа од МВР.

0 Коментари

Остави коментари