ЕУРО 2020: Велс ја совлада Турција
Foto

ЕУРО 2020: Велс ја совлада Турција

Фудбалската репрезентација на Велс со 2:0 ја совлада Турција во второто коло од групата А на ЕУРО 2020 и се наоѓа пред пласман во осминафиналето. Офанзивно започна Велс со нападите кон противничкиот гол, а двата тима имаа зрели шанси за гол. Ремзи имаше неколку шанси, за да во 42-тата минута конечно ја затресе мрежата на Турција, по асистенцијата на Герет Бејл. Очигледна беше неговата упорност да даде гол, откако прими неколку одлиичн асистенци од Бејл, но не успеа да ја смести топката во мрежата.

Со оваа победа, тимот на Велс се искачи на првото место на табелата со четири бода, а Турција ги загуби шансите за нокаут фазата откако го доживеа и вториот пораз.

Конечниот резултат го постави Конор Робертс во финишот од натпреварот, а повторно во улога на асистент беше Бејл кој во 61. минута не го реализираше пеналот кој беше направен токму над него. Иако беше одличен асистент, Бејл се посрамоти токму кога требаше да го реализира пеналот. Турскиот голман одлично го прочита и го одбрани неговиот удар.

0 Коментари

Остави коментари