ЕУРО 2020: Италија супериорна над Швајцарија
Foto

ЕУРО 2020: Италија супериорна над Швајцарија

Сигурна победа на Италија. Незаирливите Азури дојдоа до втората победа на, откако вечерва маестрално ја совладаа Швајцарија на стадионот „Олимпико“ со 3-0. Застрашувачки добра беше Италија која ја надигра Швајцарија, особено откако ја засилија офанзивата кон швајцарскиот гол.

Маестрото на натреварот беше Мануел Локатели кој двапати ја затресе противничкјата мрежа. Се почна со поништениот гол на Џорџо Киелини во 19. минута, а потоа стапи на сцена Локатели кој со голови во 26. и 52. минута донесе водство од 2-0.

До крајот Чиро Имобиле во 89. минута ги постави конечните 3-0 во моментот кога се мислеше дека се веќе беше решено за Швајцарија. Демотивирани играчки како да се олабавија во одбраната, колку што му требаше на Имобиле да ги казни и по трет пат швајцарската мрежа се затресе на самиот крај за конечни 3-0.

Во последното трето коло во групата А, Италија на 20 јуни во Рим е домаќин на Велс, додека истиот ден Швајцарија и Турција ќе играат во Баку.

0 Коментари

Остави коментари