Дваесетина деца новозаразени со Ковид 19, наставата продолжува со физичко присуство
Foto

Дваесетина деца новозаразени со Ковид 19, наставата продолжува со физичко присуство

Пет деца од вкупно 20 хиспитализирани со ковид се  на кислородна поддршка во детската клиника Козле, вели директорот на клиниката, Бесник Зекири. Петте деца се со потешка пневмонија и ниска сатурација па поради тоа имало потреба од кислородна поддршка. 

„ Имаме хоспитализирано 20 деца. Значи тие се од 0 до 2 годишна возраст една група, и другата група с емалку поголеми од 9 до 15 години. Значи околу 15 деца се таа група од 9 до 15 години. Значи ние имаме деца на кислородна поддршка а не на респиратор. Значи, ниту едно дете до сега немало потреба за респиратор. Значи децата се на кислородна маса. Значи сега од сите овие 20 деца, значи 5 деца имаат потреба од кислородна поддршка, 2 деца се од таа група од 0 до 2 години, и три се од поголемите од 9 до 15 години.“ - вели директорот на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, Бесник Зекири. 

Процентот на новозаразени во училиштата вчера бил 0,01, или во бројка околу 20-на деца, а од 1 септември досега вкупните случаи не надминувааат 0,2 отсто вели министерката за образование и наука Мила Царовска. Според министерката Царовска состојбата со вирусот во училиштата е стабилна, но појаснува дека доколку Комисијата за заразни болести предложи промена на моделот, МОН ќе го примени.

Повеќе од 60 проценти од училиштата биле посетени од ДЗСИ и било констатирани минимални пречекорувања каде не се почитувале ковид протоколите во една општина, вели министерката Царовска и посочи дека во некои училишта се уште тековно се гради и затоа се на онлајн-настава.

Процентот на инфицирани ученици од почетокот на  школската година е ист и изнесува 0, 2%. Тоа значи продолжување на наставата со физичко присуство во сите училишта, велат од МОН. Од Наставничкиот пленум, преку соопштение, бараат скратување на времетраењето на часовите во наставата со физичко присуство од 45 на 30 минути бидејќи, како што наведува во соопштение, наставниците имаат големи потешкотии да ја реализираат наставата во затворен простор и почитување на сите протоколи утврдени од Комисијата за заразни болести

0 Коментари

Остави коментари