Дождот го стави под контрола пожарот на планината Готен кај струмичко Нивичино
Foto

Дождот го стави под контрола пожарот на планината Готен кај струмичко Нивичино

Дождот што заврна синоќа во струмичко го стави под контрола пожарот на планината Готен, кај селото Нивичино.

Според градоначалникот на Општина Василево, Марјан Јанев, не се дозволува ширење на пожарот, кој гори повеќе денови.

-Денеска продолжувеме со гаснење со координарана акција на сите институции и месното наа/селение. Дождот кој заврна синоќа околу 21:30 часот помогна да се стави пожарот под контрола и од утрово почнуваме со негово локализирање со засекување на линијата на ширење. На многу места има изгорени големи дрвја, кои се уште тлеат и ќе треба време да бидат изгаснати, рече градоначалникот на Василево, Марјан Јанев.

 

Пожарот зафати букова, дабова и габерова шума, како и лисната маса на поголема површина, а заради непристапноста на теренот отежнато е гаснењето.

0 Коментари

Остави коментари