До крајот на оваа недела нова средба Заев - Гаши, на маса кадровските решенија
Foto

До крајот на оваа недела нова средба Заев - Гаши, на маса кадровските решенија

Постигнат напредок во разговорите Заев - Гаши за евентуален влез на Алтернатива во власта и обезбедување парламентарно мнозинство. СДСМ и Алтернатива се договориле за програмскиот концепт, останува да се поделат министерските и директорските места во Владата.

По консултациите во партиите ќе следи и нова работна средба со тимовите. Заев на средбата со Гаши беше придружуван од Димитар Ковачевски кој и официјално ја најави кандидатурата за претседател на СДСМ и Беким Сали за кој, неофицијално, се планира да биде нов министер за здравство.

Според информации на ТВ 24 од средбата, немало негодување, што висок функционер го толкува како позитивно. Според информациите,  Гаши ќе добие уште едно ресорно министерство. Кое ќе биде тоа, ќе зависи и од кадровската понуда.

Во преговори се и заменички директорски места. За заклучоците од четиричасовна средба Заев - Гаши испратија само  соопштение а на излегување Заев само кратко рече дека имале „конкструктивна средба“.

„Соговорниците се согласни дека реформскиот и европскиот курс мора да продолжат и дека во овие моменти најважна е стабилноста на институциите на државата кои им служат на граѓаните. На средбата се разменија и мислења околу можните кадровски решенија за министри, заменици министри и други раководни луѓе во рамки на централната власт.“ - велат од прес служба на Владата на РСМ.

За Заев и Гаши ова беше втора средба, откако претходно  разговараа за условите и улогата на Алтернатива во новото парламентарно мнозинство. Коалицискиот партнер во власта Стојанче Ангелов, во „студио 10“ на ТВ 24 рече дека очекува Алтернатива со влезот во Владата да ги преземе позициите на БЕСА. Според него преговорите за ново владино мнозинство треба да завршат за неколку дена.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара предвремени избори. 

И од Алијанса за Албанците сметаат дека доколку Алтернатива прифати да влезе во новиот состав на Владата, таа нема да трае долго и дека наредната година ќе биде изборна.  За преговорите со Гаши, зЗев треба да му реферера на Ахмети.

0 Коментари

Остави коментари