Деспотовски: Со јасни правила на игра ќе ја зајакнеме меѓусебната доверба и ќе поттикнеме нови инвестиции
Foto

Деспотовски: Со јасни правила на игра ќе ја зајакнеме меѓусебната доверба и ќе поттикнеме нови инвестиции

Со панел дискусија „Јасни правила и дефиниции за подобни инвестициски трошоци и поефикасен систем за исплата и следење на државната помош“, Дирекцијата за ТИРЗ почнува серијата дебати со бизнис заедницата чија цел е унапредување на услугите и деловната клима за инвестирање во С.Македонија. Овој процес се реализира во партнерство со Советот за странски инвеститори и Асоцијацијата на странски компании со напредно технолошко производство.

“Воведуваме нов систем на унапредување на односите со инвеститорите. Сакаме преку отворен процес на разговор да стигнеме до решение за сите практични предизвици со кои се соочуваме но и она што постои како потенцијал да го искористиме за подобрување на услугите. Денеска зборуваме за една специфична тема - користење и следење на државната помош и дефинирање на подобни трошоци. 

Воведуваме јасни и прецизни правила на игра со што ќе ја зајакнеме меѓусебната доверба и да поттикнеме подобрување на деловната клима поставувајќи ја Северна Македонија како сериозна дестинација за инвестирање,“ изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.

Тој нагласи дека целта е да се воведе заштитен механизам и за компаниите, но и за државата, како и дека ова треба да резултира во упатство кое ќе се применува и за компаниите надвор од зоните.

„Мораме да најдеме начин да се справиме со одредени ризици кои постојат како што е проверка на трошоците и колку тие се реални со пазарните цени. Ова е од интерес и на инвеститорите, но и на сите наши сограѓани - даночни обврзници во земјата. 

Наша амбиција е ова што го дискутираме денес понатаму да важи и за компаниите надвор од зоните. Ова е реално пионерски чекор во тој правец кој сакаме да се преслика и во сите останати елементи на доделување државна помош,“ нагласи Деспотовски.

0 Коментари

Остави коментари