Бајден: Американско-руските односи мора да бидат стабилни и предвидливи
Foto

Бајден: Американско-руските односи мора да бидат стабилни и предвидливи

Американско-руските односи мора да бидат стабилни и предвидливи, изјави американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по средбата во Женева со неговиот руски колега Владимир Путин.

Бајден оцени дека тој, и претседателот на Русија Владимир Путин споделуваат заедничка одговорност во однос на воспоставувањето постабилни односи на двете силни земји.

На почетокот на прес конференцијата во Женева, Бајден констатираше дека денеска бил долг ден за сите.

- Само што го завршив последниот состанок на ова патување. Се крена многу прашина околу оваа средба. Не постои подобар начин за дијалог освен лице в лице, потенцираше Бајден.

Тој нагласи дека му рекол на рускиот лидер Владимир Путин дека човековите права секогаш ќе бидат тема. Бајден нагласи дека му рекол на Путин дека неговата агенда не е против Русија или која било друга земја, туку агенда за американските граѓани, вклучително и борба против пандемијата на коронавирусот, закрепнување на американската економија, обновување на односите. Со сојузници и пријатели на САД низ целиот свет, заштитувајќи ги американските граѓани.

0 Коментари

Остави коментари