Ангел Димитров: Се потешко е да информирам за работата на заедничката историска комисија
Foto

Ангел Димитров: Се потешко е да информирам за работата на заедничката историска комисија

Копретседателот на бугарскиот дел на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Македонија и Бугарија, Ангел Димитров на брифингот со бугарските новинари порача дека станува се потешко да ги информира за работата на заедничката комисија.

„До вчера напладне работите одеа добро во разговорите на заедничката историска комисија, но, нешто се смени во последен момент “, изјави Димитров.

Според него, македонските експерти не сакаат заеднички да ги слават личностите. Како пример ги наведе браќата Миладинови кои имаат годишнина во 2022 година, а слично било и со Гоце Делчев.

0 Коментари

Остави коментари