Активни се 12.486 ковид случаи во Македонија - има доволно вакцини
Foto

Активни се 12.486 ковид случаи во Македонија - има доволно вакцини

Во моментов има доволно вакцини против Ковид-19. Во текот на вчерашниот ден пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“, информираше министерот за здравство, Венко Филипче. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје вчера се регистрирани 491 случај на коронавирусот. Оздравени се 416, а починати се 16 лица.

Вакцинацијата се одвива непречено, а заклучно со 21 септември на вакциналните пунктови во државата и на терен вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Министерството за здравство информира дека во државата аплицирани се вкупно 1.474.507 дози вакцини, а ревакцинирани се 697.847 граѓани.

Согласно податоците, 55 проценти од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

-Националниот комитет за имунизација ги следи сите истражувања за новите вакцини меѓу кои е и вакцината на француската компанија „Санофи“, информираа за МИА од Министерството за здравство и додаваат дека во тек е набавка на вакцините против сезонски грип.

Лекарската комора вчера одржа неделна онлајн дискусија, на која се разменуваат искуства и знаења за превенција и третман на Ковид 19 меѓу лекарите од сите нивоа на здравствениот систем.

Досега во земјата се направени вкупно 1.261.880 тестирање на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на пандемијата изнесува 188.113 бројката на оздравени пациенти е 169.116, на починати е 6.511, а бројот на активни случаи изнесува 12.486.

0 Коментари

Остави коментари