44 здруженија и граѓански организации со поддршка за реформите во образовцанието
Foto

44 здруженија и граѓански организации со поддршка за реформите во образовцанието

Пат-позиција помеѓу родителите и министерката за образование Мила Царовска. Двете страни не можат да најдат заеднички јазик околу дигитализација на учебниците.

Родителите утре излегуваат на протести низ целата земја незадоволни од предлог законот кој предвидува замена на хартиените со дигитални учебници. 

Министерката Мила Царовска не попушта- родителите бараат да има настава и учебници, а тоа веќе го има. Дигитализацијата ќе се спроведува етапно од следната учебна година.

Од СДСМ обвинуваат дека зад утрешните протести стои ВМРО-ДПМНЕ.

- Стана јасно дека зад повиците за бојкот, зад лажните вести за дигитализацијата во образованието и зад утрешните протести, стои ВМРО-ДПМНЕ.Партијата предводена од Мицкоски се обидува да манипулира со родители и ученици заради теснопартиски и бизнис интереси. - изјави Стефан Васев- СДСМ.

Зад законот за учебници застанаа четириесет граѓански организации и здруженија кои ја поздравија реформата. Од Коалицијата Маргини за ТВ 24 велат дека дигитализацијата ќе ја зголеми желбата за учење кај новите генерации.

Дигитализацијата на учебниците ќе започне од следната учебна година за учениците од четврто одделение, а потоа етапно ќе се воведува и во погорните одделенија.

0 Коментари

Остави коментари