Во Зајас погребани посмртни останки на албански жртви од 1913 до Втората светска војна

18.11.2017 | 20:45
Прочитано: 5055

Посмртни останки на албански жртви од масакри од 1913 година па сè до Втората светска војна кои беа пронајдени во гробници денеска беа погребани во Зајас, Кичево.

Организацискиот Совет за откривање на злосторствата врз Албанци организира  пренесување посмртни останки на жртви на геноцидот врз Албанци и Меморијалниот центар „Мајка Тереза“ во Зајас.
 
По барање на Организацискиот совет за откривање на злосторствата врз Албанците во минатиот век, Али Ахмети, како иницијатор на активностите за расветлување на геноцидните злосторства врз Албанците, одржа говор пред присутните при што побара солидарност од Македонцит бидеќи, наведе, и врз нив имало злосторства. Затоа ќе инсистираме да се носи резолуција во Парламентот за осуда на геноцидот кој е направен врз Албанците пред 104 години. Нека не се плаши никој бидеќи нема да бараме надомест бидејќи нивните животи неможат со ништо да се надоместат, рече меѓудругото Ахмети.
 
На настанот во Меморјалниот центар „Албанска мајка“ во Зајас кај Кичево присуствуваа членови на владиниот кабинет од редовите на ДУИ како и пратеници од ова партија и други граѓани.

Пред извесно време во Зајас и во други места во Кичево беа откриени  гробници на жртви од масакри врз Албанци од 1913 година до Втората светска војна.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.