Во Охрид се избира нов претседател на ССМ

11.11.2017 | 11:00
Прочитано: 631

На Вонреден конгрес во Охрид денеска Сојузот на синдикати на Македонија ќе го избере новиот претседател. Единствен кандидат е актуелниот в.д. претседател Дарко Димовски кој доаѓа од Синдикатот на СУТКОЗ.

Неговата кандидатура беше прифатена од страна на Советот и Претседателство на ССМ. Покрај Димовски, за местото претседател на ССМ конкурираа и претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Ацо Антовски. Нивните кандидатури не поминаа на седницата на Претседателството на ССМ, според кое, тие не ги исполниле условите за кандидатура.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.