Владата ја објави агендата за задолжувања од домашните кредитори

02.01.2016 | 17:00
Прочитано: 3187
Веднаш по празниците, нов заем од домашните кредитори. Во првиот месец од годинава веќе се закажани три нови задолжувања. 
 
Министерството за финансии ја објави агендата за првата половина од годинава – ќе се спроведат дури 24 нови задолжувања преку кои ќе се бараат заеми од банките, фондовите, осигурителните компании.  
 
Проспектите за задолжувањата од домашните кредитори упатуваат на тоа дека само во двата изборни месеци – март и април ќе се спроведат девет аукции. 
 
Дали новите задолжувања ќе бидат вовед во нов конфликт на релација Ставрески – Наумов? Дополнителниот заменик министер вели дека министерот го објавил планот за задолжувања, но вели дека нивното спроведување останува проблематилно. 
 
“Проектите за новите задолжувања се објавени, но според она што го видов, закажаните аукции се доплнително иритирачки. Има денови кога се закажани нови задолжувања, икако ден потоа нема раздолжување. Сметам дека врз овој план за заеми  влијание ќе има и решението на Управниот суд кој треба да одлучи по нашата тужба поврзана со ветото за задолжувањата, но и можноста новиот состав на ДИК да ја преиспита одлуката на стариот состав“, вели дополнителниот заманик министер Наумов. 
 
Годинава, Владата за отплата на домашно и на странско задолжување треба да врати скоро 350 милиони евра и уште 100  милиони евра по основ на камати.    
 
Во своето новогодишно обраќање, премерот Никола Груевски рече дека Макоеднија е една од најамлку задолжените европски економии, 
 
“Државниот долг на земјата не се зголеми, туку се намали од 39% на 36% од БДП и сме четврта најниско задолжена земја во Европа според Еуростат“, рече премерот Гуевски. 
 
Според дел од економистите и бизнисмнеите, бројките за задолженоста се уште ја рангираат земјава во умерено задолжени економии, но загрижува темпото со кое се создаваат нови долгови.  
 
За годинава Владата  најави зголемени пензии и социјална помош, допoлнителни ослободувања за средношколци и  бесплатен превоз за студент – ветувања и проеkти кои треба да се реализираат во изборната 2016 - та.  

Анета Додевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.