Влада на РМ: Укажувањата за ликвидација, Заев не ги доведува во релација со Русија

10.11.2017 | 09:44
Прочитано: 2062

Владата на Република Македонија преку соопштение нагласува дека премиерот Зоран Заев во интервјуто за црногорскиот медиум во ниту еден момент не ги доведува укажувањата за ликвидација кон него во било каква релација со руската федерација.

„Изјавата на претседателот на владата за црногорскиот медиум се темели на искуствата од регионот и реакциите на руската федерација при зачленувањето на други земји од регионот во НАТО алијансата. Во интервјуто за црногорскиот медиум, претседателот на Владата Зоран Заев, во ниту еден момент не ги доведува укажувањата за ликвидација кон него во било каква релација со руската федерација“, се нагласува во соопштението кое следи по реакцијата од руската амбасада.

„Владата останува целосно на заложбите за реализација на нашите евро-атлантски стремежи и не гледа судир на тие заложби со определбата да ги одржиме добрите односи и со руската федерација“, се вели во соопштението на владата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.