Висок пораз на ЖРК Металург во Шпанија

11.11.2017 | 10:44
Прочитано: 462

ЖРК Металург убедливо ја загуби првата средба од третото коло на Челинџ-купот. Шпанскиот претставник во ова натпреварување, Ринкон Фертилидад Малага, ја оправда улогата на апсолутен фаворит и извојува победа над македонскиот претставник со резултат 31:14.

Шпанската екипа беше подобар во текот на целата средба, а сите дилеми околу победникот ги реши уште во првото полувреме, кое го доби со високи девет голови гола разлика, 17:8.

Слично минаа и вторите 30 минути од овој натпревар, па конечните 17 голови предност за домаќинот се реален исход.

Реваншот се игра в недела, со почеток во 12 часот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.