Вице Заев: Ни оддалеку не се споредувам со ликот и делото на Сашо Мијалков

17.11.2017 | 17:28
Прочитано: 15431

Братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев, во интервју за порталот Фактор вели:

„Не ја користам моќта поради тоа што брат ми е премиер, како што се коментира во јавноста и не може во никој случај да се споредувам со екс директорот на тајната полиција, Сашо Мијалков. Веројатно во недостаток на „началник“ од типот на  Мијалков кој повеќе нема политичка моќ, на луѓето се уште им треба време да разберат дека заврши времето, а началништвата и рекетарствата. Овие пет месеци колку што е брат ми премиер, цела пропагандна машинерија се труди да ме прикаже како најголемиот криминалец во државата, а јас немам ни една казна за погрешно паркирање, а не пак за некакво дело“, вели Вице Заев.

„Не се сметам за мистериозна личност, затоа што сум јавно достапен. Моите бизниси, лично што ги работам, се врзани во Струмица и од тие причини не можам да бидам пасивен или изолиран од јавноста. Контролирам, но само моите приватни работи и немам никакви други амбиции во врска со тоа прашање“, вели Вице Заев во интервјуто за Фактор


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.