Вечерва - Ноќ на вештерките

31.10.2017 | 09:34
Прочитано: 1615

Во многу земји во светот, а особено во САД и Канада, Ноќта на вештерките се очекува со огромно нетрпение и возбуда.

Домовите и продавниците веќе одамна се украсени со симболот на празникот - тиква издлабена и исечема да личи на глава на чудовиште, со запалена свеќа внатре. Исто така се ставаат и пајакови мрежи, скелети, черепи и слични декорации. 

Ноќта на вештерките се прославува вечерта пред Денот на Сите Светци, востановен од папата Григориј Четврти во 853 година, кога се оддава почит кон сите христијански светци и маченици.

Со наближувањето на ноќта, односно пред полноќ, американските деца маскирани започнуваат да чукаат по вратите во соседството, со цел - да „ги исплашат“ домаќините, а тие пак, се должни да им дадат на „чудовиштата“ разни слатки.

Годинава најпопуларни се костимите на жени хероини. Ќе можат да се забележат Вондервоман, Кетвоман, ликовите од „Војна на ѕвездите“, а ќе има и по некоја принцеза, но она што е најпопуларно годинава се розовите шапки со мачешки уши, коишто беа симбол на женските протести против претседателот на САД, Доналд Трамп. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.