Вардар останува непоразен и по 8.коло – Рајн-Некар „на колена“ во Скопје!

18.11.2017 | 20:44
Прочитано: 1373

Доминацијата на Вардаровото семејство во елитниот ракомет продолжува. По вчерашната победа на ракометарките, денеска во мечот на колото, машката екипа на Вардар го декласира германскиот првак Рајн Некар со 30-26.

Во СЦ Јане Сандански пред околу 5500 љубители на ракометот Вардар одигра шампионски и уште еднаш покажа дека нема лесно да се откаже од намерата да се одбрани тронот. Со доминација уште од почетокот, со цврста одбрана стигнуваа до лесни голови, па затоа разликата постепено растеше до највисоките 15-8 во 22-та минута. Во финишот настапи мала деконцентрација, па на пауза резултатот беше 17-13.

Во вториот дел, со малку побавно темпо, се играше гол за гол некаде до 50-тата минута, кога повторно Вардар нагази и дојде пак до највисоките седум гола 27-20. При едно исклучување примија два брзи гола, па Рајн-Некар се доближи за поподнослив пораз од четири разлика 30-26. Борозан со седум погодоци заслужено го понесе призаннието играч на натпреварот. Чупиќ го следеше со шест, а еден помалку имаше и Криштопанс. Штербик запиша девет интервенции, а Рајн Некар го предводеа Баена и Шмид со по пет гола. Филип Талески доби шанса, но не ја искористи најдобро. Вардар останува лидер во Групата А со 15 бода, четири повеќе од Рајн Некар, пред реваншот во Германија на 26.ноември.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.