Вајгл во Скопје на средби Џафери и партиските координатори

09.11.2017 | 12:33
Прочитано: 603

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл денеска е во Скопје на средби со претставници на парламентарните групи во македонското Собрание.

Вајгл, како што најави собраниската прес-служба, ќе се сретне со претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, и со координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски и на БЕСА, Африм Гаши, како и со Мерал Узеири Ферати од ДПА.

Европратеникот Вајгл во Скопје ќе има состанок и со експерти на ЕУ за заеднички проект на ЕП и Собранието на Македонија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.