В недела прегласување во Теарце

26.12.2016 | 16:15
Прочитано: 2384
Гласачите од Теарце во недела ќе им пресудат на партиите. Токму во оваа општина се вперени очите на целата македонска јавност, но и на странците инволвирани во процесот.
 
Битката помеѓу ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ за мандат повеќе во шестата избона единица ќе се води во гласачкото место 2011, каде, токму теарци ќе стават крај на најнеизвесната изборна трка во македонската историја.
 
Изборниот молк стартува на полноќ, а од ДИК за 24 Вести потврдија дека се завршени сите подготовки за денот на прегласувањето.
 
„Се е подготвено за изборниот ден. Гласачкото ливче останува исто. Кандидатските листи се потврдени и остануваат непроменети од гласањето на 11 декември, а сите набљудувачи добија акредитации“ - велат од Државната изборна комисија
 
Но ова не го промени ставот на ВМРО- ДПМНЕ. Тие се убедени дека прегласувањето е обид на СДСМ да им ја украде изборната победа. Затоа гласањето ќе го бојкотираат, а  во изминативе денови, според неофицијалните информации, токму тоа ги убедуваат и жителите на  тетовското село. Иако и претходно по преговори на партии се прегласувало и на повеќе мсеста, овојпат Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ на чело со Никола Груевски оцени дека тоа е постизборен инжинеринг и најави дека реузлтати нема да ги признаат, но не кажаа дали тоа ќе важи дури и ако бројот на мандати остане ист.
 
Спротивно на оваа тактика, Социјалдемократите активно се растрчани во Теарце со цел да ги мотивираат жителите масовно да излезат на галсање. Носиотелот во шестата изборна единица од СДСМ, Петре Шилегов со својот тим е постојано таму, со јавни повици да се галса во недела.
 
Партиите на Албанците се воздржаа од кампања околу прегласувањето. Дел од нив велат дека оставаат на слободната волја на граѓаните да решат, дел пак велат дека битката во недела е помеѓу ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ.
 
На избирачкиот список во Теарце се регистрирани 714 гласачи. На 11-ти гласаа само 404. Дали овојпат ќе бидат помотивирани да галсаат, ќе покаже исходот откако ќе се затворат избирачките места. Зоран Заев се бори да му одземе мандат на Никола Груевски. Со ова за првпат во историјата, Македонија би се довела во ситуација да нема победник на изборите со мнозинство мандати.

Христијан Баневски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.