Утре прегласување на едно избирачко место во Чаир

11.11.2017 | 10:57
Прочитано: 549

Во општина Чаир во избирачкото место 2901 утре ќе биде повторено гласањето од вториот круг на Локалните избори што се одржа на 29 октомври.

На ова избирачко место вкупно се запишани 719 избирачи. Ова е единственото прегласување на шестите локални избори во Македонија кои се одржаа во два круга на 15 и на 29 октомври.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.