Турција: Експлозија во фабрика, петмина загинати, 16 повредени

08.11.2017 | 15:21
Прочитано: 542

Пет лица загинаа, а 16 други се повредени денеска при експлозија во фабриката за бои во градот Гурсу во турската област Бурса.

„Во експлозија во текстилна фабрика загинаа пет лица, а беа повредени 16 лица“, соопшти министерката за труд Жулиде Сариероглу.

Според неофицијални информации, експлозијата најверојатно ја предизвикал бојлер. Надлежните сѐ уште испитуваат што точно се случило.

Од јачината на експлозијата во делот на фабриката каде што се продаваат бои, се сруши покривот, а возилата паркирани во близина беа оштетени.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.