Тодориќ: Во Хрватска ми е загрозена правната безбедност

08.11.2017 | 09:51
Прочитано: 478

Сопственикот на „Агрокор“, Ивица Тодориќ напиша на социјалните мрежи дека не се криел и дека се наоѓа во Лондон бидејќи му е загрозена елементарната правна безбедност во Хрватска.

Тој вели дека неговата адреса, личните и контактите на неговите адвокати им се познати на властите уште од 10 октомври, како и дека тие податоци лично им ги доставил на надлежните институции и чекал да го повикаат.

Тодориќ вчера и се предаде на лондонската полиција, по што е уапсен и однесен пред суд, кој го ослободил со кауција од 100.000 фунти.

Истовремено, одземен му е пасошот и должен е да носи безбедносна алка, како и да се јавува трипати неделно во полиција. Следното судско рочиште е закажано за 10 април 2018 година.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.