Тешка криза во Кливленд и Оклахома, нов трипл-дабл за Харден

10.11.2017 | 13:39
Прочитано: 599

Актуелниот вицепрвак, Кливленд, се уште без конкретен одговор за излез од кризата. На гостувањето кај Хјустон загуби со 117-113. Леброн Џејмс и дружината едноставно немаа решение за маестралниот Џејмс Харден кој ги предводеше „Ракетите“ со 35 поени, 13 асистенции и 11 скокови, реализирајќи го својот втор сезонски трипл-дабл. Сепак, мечот мина и во знакот на Клинт Капела,  кој два пати беше прецизен од поле во последните 60 секунди за петтата победа во низа, вкупно деветта на Хјустон сезонава. Мечот го заврши со 19 поени, а Кливленд и покрај 33-те коша на Џејмс го претпе седмиот пораз сезонава. 

Во тешка криза падна и Оклахома која на гостувањето кај Денвер го претпе четвртиот пораз во низа, а седми сезонава. Загуби со 104-94 и покрај одличното издание на Кармело Ентони со 28 коша и 5 скока. Партија под своето ниво одиграа и првите звезди Пол Џорџ и Расел Вестбрук, кои заедно искомбинираа 26 поени. Клучен играч во седмиот триумф на Денвер беше Емануел Мидиај, кој 10 од своите 21 поен ги постигна во последната четвртина.

Во неизвесна битка, Сакраменто им ја прекина серијата од пет победи на Филаделфија со минимални 109-108. Фокс на 12 секунди до крајот реализираше за победа. Вашингтон му се реваншираше на ЛА Лејкрс за поразот од минатаа недела, триумфирајќи со 111-95 и Торонто му ја прекина низата од три победи на Њу Орлеанс со 122-118.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.