ССМ утре избира нов претседател

10.11.2017 | 10:58
Прочитано: 455

Сојузот на синдикати на Македонија утре на вонреден конгрес во Охрид треба да го избере новиот претседател.

Сегашниот в.д. претседател Дарко Димовски е единствениот кандидат за иден лидер на ССМ. Одлуката, Димовски да биде кандидат за претседател на ССМ, претходно помина на седници на Советот и на Претседателството на ССМ. 

Покрај Димовски, кандидатури за синдикален лидер поднесоа и претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Ацо Антовски. Нивните кандидатури не поминаа на седницата на Претседателството на ССМ, според кое, тие не ги исполниле условите за кандидатура.

Претседателот на УПОЗ, Грујовски тврди дека ги исполнува условите и истакнува дека има поддршка од шест, а не од пет гранкови синдикати.

Неизвесно е дали синдикатите што го поддржуваат Грујовски ќе присуствуваат на конгресот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.