Спелео-нуркачко истражување на изворот на Бабуна

15.07.2012 | 09:33
Прочитано: 1059
Во организација на спелеолошкиот клуб „Пеони“, а во соработка и финансиска поддршка од општината Чашка, македонските спелеолози заедно со спелео-нуркачи од Република Чешка од 13 до 15-ти овој месец ја истражуваа пештерата кај изворот на реката Бабуна, каде се претпоставува дека се наоѓа најголемиот пештерски систем и најголемиот басен со вода во Република Македонија.
 
Како што соопштуваат од „Пеони“, во претходните истражувања беше пронуркан сифон од дваесетина метри, при што се продира во внатрешноста на пештерски канал во должина од 300м, стигнувајќи  до втор сифон во кој е нуркано  4м и не е излезено од другата страна.
Овој пат нуркачите успеаа да поминат од другата страна на сифонот со што е потврдена во голема мера претпоставката за постоење на голем пештерски систем.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.